МОФ: Догодина ќе бидеме домаќини на Европското дебатно првенство за средношколци

January 17, 2025
1 min read

Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. На социјалните мрежи напишаа: ‘Подготовките се веќе во тек, а нашата цел е јасна: да организираме првенство што ќе се памети и ќе ги постави новите стандарди за вакви настани’.

„Во 2026, повторно ќе ги отвориме нашите врати за тимови од цела Европа, нудејќи им можност да го доживеат македонското гостопримство и уникатната енергија на Скопје. Дополнително, целта ни е да ги инспирираме младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството“, соопштува МОФ.“, велат од МОФ.

Со настанот се поттикнува културата на дијалог, критичко анализирање на општествените прашања и развивање на ораторските способности кај младите.

Според МОФ, настанот претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ“.

Од таму потсетуваат дека пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно првенство кое се одржа во Струга, како можност за создавање нови пријателства и размена на идеи што инспирираа идни генерации.

„Оттогаш па до денес, дебатната програма на МОФ постојано расте и напредува, од зацврстување на локалните клубови до остварување меѓународни успеси. Дополнително, МОФ има организирано три меѓународни дебатни првенства“, велат од МОФ.

Што носи 2026 година?

Во 2026 година, од Младинскиот образовен форум посочуваат дека повторно ќе ги отворат вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје.

Инаку, дебатната програма на МОФ нуди бесплатна годишна програма за средношколци, со неделни предавања во Дебатни клубови, водени од обучени предавачи врз основа на стандардизиран курикулум. Средношколците учат за основите на дебатата, аргументирањето, критичкото размислување, тимската работа и јавното говорење преку Средношколски дебатен формат.

На годишно ниво се одржуваат турнири на кои најдобрите тимови и говорници добиваат можност за меѓународни натпревари. Во рамките на програмата е вклучена и универзитетска дебата, со акцент на студентските формати и Британската парламентарна дебата.

Од МОФ информираат дека македонски тим ќе ја претставува Македонија на Европското првенство 2025 во Букурешт, Романија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Пругата Куманово – Бељаковце, која што денес беше пуштена во употреба не е на СДС, туку на граѓаните на Македонија

Следно

Децата на вработените во УЈП преку настан „Кај мама и тато на работа” учеа за улогата на даноците и придобивките од нив

Latest from Blog

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop