Официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица

January 17, 2025
1 min read

Од лани од септември до крајот на годината превозот беше пробен и бесплатен, а од почетокот на новата година и официјално функционира по сите утврдени линии во градот и до населените места.

Според директорот на Јавното претпријатие „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов, струмичани полека ги менуваат навиките и почнуваат да го користат јавниот електричен превоз.

-Од воведувањето на електричниот јавен превоз од ден на ден се повеќе расте интересот на граѓаните за негово користење, посебно на тие од населените места во Општината. Возниот ред е целосно воспоставен и досега немаме доцнење кон населените места и дневно по осум пати секогаш во ист термин сообраќаме до таму, вели Поп-Стојанов.

Додава дека со одлука на Советот на Општината за субвенционирање на цената на возниот билет сите граѓани можат да се возат за 30 денари на дестинациите во градот и населените места.

-Правиме напори уште повеќе да го доближеме превозот до граѓаните. Тие можат преку специјални картички да го плаќаат возењето и тие можат да се надполнуваат на двата терминали во градот во општинската зграда и во нашето седиште, а во преговори сме со банки надополнувањето на картичките да може да се врши и со кредитна картичка на граѓаните, рече директорот Поп-Стојанов.

Постои можност билет да се купи и во автобусот, но таму тој чини 40 денари и цената е повисока за да се одвраќаат патниците од таквата можност и тоа да го прават преку специјалните картички.

Инаку, од „Струмица транспорт“ ги отфрлаат како тенденциозни и злонамерни шпекулациите дека автобусите не се одржуваат. Велат дека сите автобуси имаат гаранција две години, а гаранцијата на електричната батерија е 8 години.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајков учествуваше на Првата седница на Националниот совет за евроинтеграции

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА БРИТАНСКА АКТЕРКА ЏОАН ПЛАУРАЈТ

Latest from Blog

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.
Go toTop