АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 42.310

February 21, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројката на загинати во разорните земјотреси што го потресоа југот од Туркије е зголемена на 42.310, објави турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека се регистрирани 7.184 последователни земјотреси по двата разорни земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари.

На подрачјето погодено од земјотресите делуваат 14.740 лица за пребарување и спасување од АФАД и други полициски и противпожарни единици, невладини организации и меѓународни тимови.

Се истакнува дека бројот на евакуирани лица од овие подрачја достигна 448.018.

Во зоните на земјотресите се наоѓаат вкупно 242.392 луѓе од АФАД, полицијата, жандармеријата, Националниот спасувачки медицински тим (УМКЕ), итната помош, локални тимови за обезбедување и поддршка, волонтери и теренски персонал.

Вкупно 13.700 возила, главно багери, шлепери, дигалки, булдожери, камиони, цистерни за вода, приколки и слична градежна машинерија, беа испратени на подрачјето на катастрофата.

Вкупно 38 бродови биле вклучени во работите во регионот од страна на Министерството за национална одбрана и Командата на Крајбрежната стража за потребите за испраќање на персоналот, материјалите и евакуација.

Завршено е поставување на 301.289 шатори, што турските министерства, надлежните институции и организации, како и различи земји и меѓународни организации ги испратија во подрачјето погодено од земјотресите. Во овие подрачја се поставени 6.375 контејнери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ за Груби: Што вели легендата за преведувачот од амбасада кој што стана милионер

Следно

Столтенберг ја повика Русија да ја повлече суспензијата од членството во договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ

Latest from Blog

ДУИ: Уставниот суд веќе не се крие зад неутралноста – тој делува како параполитички продолжеток на актуелната власт

Од ДУИ денеска велат дека Уставниот суд веќе не се криел зад неутралноста. Како што велат, тој делувал како параполитички продолжеток на актуелната власт. „Демократската унија за интеграција со длабока загриженост и

Радмила Шекеринска во „Career Ladder“: Професијата ја опиша како „мусака“ – сè на едно место

Заменичката-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, учествуваше во епизода од интернет шоуто „Career Ladder“, каде водителот преку интеракција со минувачи се обидува да ја открие нивната професија за помалку од две минути.

Жена загина во експлозија на бомба во Солун

Триесет и осумгодишна жена загина во експлозија во Солун рано утрово, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека кривичната истрага е во тек. „Се чини дека носела експлозивна направа и планирала да ја постави

Парламентарни избори во Австралија

Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале

Без вода дел од Глумово и Матка

Поради уличен дефект Ф-150 мм на улица „1“ во Глумово, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците во Глумово и дел од Матка. Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод
Go toTop