Поранешниот пакистански премиер Кан осуден на 14 години затвор поради случајот за корупција

January 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Пакистанскиот суд денес им изрече затворска казна на поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби за случајот за корупција во која е вклучена фондацијата на Универзитетот Ал Кадир, јавува Анадолу.

Поранешниот премиер е осуден на 14 години затвор, а неговата сопруга доби казна од седум години.

Пресудата, која трипати беше одложувана, беше објавена во затворот „Адијала“, во градот Равалпинди, каде што Кан се наоѓа од август 2023 година.

Кан и неговата сопруга беа обвинети дека примиле милијарди рупии и големо парче скапоцена земја за изградба на образовна институција во замена за ослободување на 190 милиони фунти на сопственик на имот во 2020 година. Кан и Биби ги негираа обвиненијата.

Антикорупциското тело започна истрага и го уапси Кан во мај 2023 година поради случајот, но подоцна неговото апсење беше прогласено за незаконско од Врховниот суд, по што тој беше пуштен со кауција.

Износот беше утврден и вратен во земјата од Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство по спогодбата со сопственикот на недвижниот имот, Малик Ријаз, во 2019 година.

Одделот за борба против корупцијата тврди дека Владата на Кан, предводена од партијата ПТИ, склучила договор со Ријаз, што предизвикало загуба од над 239 милиони долари за државниот буџет преку аранжманот „услуга за услуга“ со бизнисменот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски за фамилиите на загинатите бранители: Ќе дадам сè од себе согласно Закон да им помогнам

Следно

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Latest from Blog

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и
Go toTop