Азири: Се уште немаме јасен став како ќе делуваме во однос на прашањето со Комисијата за социјална политика

January 16, 2025
1 min read

Пратеникот на Алијанса за Албанците, дел од „Европскиот фронт“, Елми Азири истакна дека за многу кратко време ќе заземат став како ќе делува „Европскиот фронт“ во однос на прашањето со испразнетото место во собраниската Комисија за социјална политика откако денеска досегашната претседателка Илире Даути поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

– Ние пратениците, но и јавноста бевме сведоци на еден непотребен театар во Собранието во режија на претседателот господинот Гаши бидејќи имаше тенденција да и се оневозможи на госпоѓата Илире Даути да ја образложи својата оставка од функцијата претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, чија оставка е поднесена денеска во писмена форма во раните утрински часови во Собранието на Северна Македонија. Деловникот е јасен. Во моментот кога се отвара седница, претседателот на Собранието е должен поднесената писмена оставка да ја стави како прва точка на дневен ред за да му се даде можност на поднесителот на оставката да ја образложи, оцени Азири. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре почнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Следно

Мицкоски: Пуштање во употреба на првата фаза од железницата кон Бугарија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop