Поднесено обвинение против лицата кои го малтретираа кучето Феликс

January 16, 2025
1 min read

Поднесено е обвинение против двете лица кои му нанесоа тешки повреди на кучето Феликс кое како последица на повредите почина на 7 јануари.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираа денеска, го има собрано целокупниот доказен материјал по што е поднесено обвиненитето против двете лица кои се товарат на кривично дело „убивање и мачење животни“ од член 233 став 1 од Кривичниот законик.

– Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво, се вели во информацијата од ОЈО Скопје.

На предлог на јавниот обвинител доставен е предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детска клиника: 9- годишното дете донесено во многу тешка состојба, починало по неполни два часа

Следно

Утре почнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop