Здравковски во 24 анализа: Македонија како ниту една друга држава досега има направено многу отстапки во евроинтеграциите

January 15, 2025
1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковки во 24 анализа на ТБ24 рече дека Македонија, како ниту една друга држава досега има направено многу отстапки во евроинтегративните процеси. Тој порача дека сегашната Влада се обврзува да ги почитува административните барања но не и да продолжи да прави отстапки.

„Евроинтегративните процеси веќе 20 години тапкаат во место. Имаме реформска агенда која е прифатлива за Македонија. Се обрзуваме да ги спроведеме сите работи кои ни се домашна задача со цел да ги исполнеме сите критериуми. За суштински реформи е потребно време и волја. Она што може да се направи без пари го правиме, за она за кое што се потребни пари, ќе ни треба време . Реформската агенда има одредени рокови кои треба да ги следиме со цел да добиеме грантови или кредити.“, рече Здравковски.

Тој потенцираше и дека приклучувањето во Европската Унија значи приближување до нејзините критериуми и стандарди. Како што објасни тој, за сите досегашни одлуки кои биле донесени од СДСМ а биле значајни за евроинтегративниот процес, никогаш не биле консултирани како опозициска партија.

„Ние секогаш баравме СДСМ да не консултира но никогаш не не консултираа. Не е само ние да смениме Устав и да почнеме преговори туку тие преговори треба да завршат некогаш. Вака конципирано на секое поглавје и на почеток и на крај можеме да сме блокирани и затоа  нудиме опција која  се надеваме дека ќе е прифатлива за ЕУ а тоа е Уставни измени со одложено дејствие“, додаде Здравковски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Туркије ќе продолжи да ги поддржува Палестинците на секое поле

Следно

Што порачува Светска банка, каде треба да бидеме внимателни и да правиме реформи? Одговара Треновски

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop