Османи: Северна Македонија има сериозно меѓународно позиционирање

February 21, 2023
2 mins read

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Институтот за европска политика учествуваше на панел дискусија на тема „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија”. Во таа насока Османи се осврна на важноста од проширувањето на ЕУ и итна потреба од свеж моментум во интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ.

-Двете страни треба да постигнат конкретен напредок: Европската Унија да обезбеди повеќе практични придобивки и опипливи резултати кои произлегуваат од процесот на пристапување, а земјите од регионот на Западен Балкан да преземат конкретни и вистински активности во спроведувањето на националните реформски планови и усвојувањето на стандардите на ЕУ. Во однос на спроведувањето на реформските процеси во рамки на процесот на пристапувањето во ЕУ, како и оние во рамки на Стратешкиот дијалог, се работи за комплементарни процеси, кои ќе ја направат Северна Македонија држава со повисок демократски капацитет, со многу поголема доверба во правосудниот систем и со многу помал степен на корупција, во однос на сегашната состојба,истакна Бујар Османи.

Тој потсети дека за првпат во историјата министер на нашата земја е ангажиран како претседавач со ОБСЕ, за каде смета дека државата може да придонесе во генерирање на попозитивен дух, зајакнување на дијалогот во ОБСЕ просторот.

Во изјава за медиумите, Османи рече дека ваквите дебатни настани се добра прилика да се слушне граѓанскиот сектор по однос на надворешната политика и предизвиците за позиционирањето на земјата на меѓународната политичка сцена. Вели дека сега е различно од пред една или две децении, и се зголемува самодовербата кај граѓаните.

-Затоа што денеска сме членка на НАТО, денеска претседаваме со најголемата регионална безбедносна организација во светот ОБСЕ, денеска преговараме со Европска унија. Оваа година претседаваме со две други регионални иницијативи. Значи тоа е веќе сериозно меѓународно позиционирање, што верувам дека ќе ја зголеми прво нашата самодоверба како луѓе, затоа што за жал поради перипетиите низ коишто сме поминале како држава, луѓето имаат изгубено самодовербата, а кога се губи самодовербата, потоа се губи лојалноста се губи и можноста секој да придонесе. Мислам дека полека ја враќаме таа самодоверба на народот на граѓаните преку ова ново сериозно позиционирање се разбира и новиот имиџ на државата во светот, истакна Османи.

Министерот вели дека реално граѓаните ги интересира надворешната политика и треба да се вклучени повеќе во дефинирање на правците и приоритетите на државната надворешна политика.

-Граѓани имаа многу конкретни и добри прашања по однос на меѓународната политика, по однос на надворешната политика на државата, посебно по однос на војната во Украина, загриженоста кои можат да бидат последиците во услови на различен исход во Украина, победа на една или на друга страна за европската перспектива на државата, за односите со Република Бугарија за стратешкиот дијалог со САД за претседавањето со ОБСЕ значи многу прашања. Мислам дека нема дилема за поддршката за членство во Европската унија од тие што беа тука и дека разбираат дека одредено незадоволство кое што може да постои е привремено и е резултат на фрустрација на овој тежок пат што го помина државата, но недвосмислени се сите по однос дека на тоа дека државата нема алтернатива освен членство во ЕУ, потенцираше Османи.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Поттикнување анализа на политики и јавна дебата“. Проектот е имплементиран од Институтот за европска политика – Скопје во соработка со Центарот за делиберативна демократија на Универзитетот Стенфорд во САД и е финансиран од Националната фондација за демократија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Ќе ги повикам на одговорност сите виновници за над 40.000 загинати во земјотресите

Следно

Судот немаше милост кон Дани, најтрофејниот фудбалер останува зад решетки!

Latest from Blog

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбраната

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на
Go toTop