Турскиот министер Фидан: Време е сите верски и етнички групи во Сирија меѓусебно да се прегрнат

January 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Време е сите верски, етнички и деноминациски групи во Сирија да се прегрнат една со друга, порача денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

На прес-конференцијата со Асад Ал Шаибани, министерот за надворешни работи на новата сириска администрација, Фидан изјави дека Туркије понудила оперативна поддршка за Сирија во однос на терористичката организација ДЕАШ.

Тој најави дека Генералниот конзулат на Туркије во Алепо ќе започне со работа на 20 јануари.

Од своја страна, сирискиот министер Ал Шаибани истакна дека Сирија и Туркије испишаа нова историја.

Истакнувајќи ја важноста на територијалното единство на Сирија, тој рече дека тие сакаат сите територии под централната власт да бидат обединети под ист покрив.

Новата сириска администрација смета дека не треба има закана за Туркије од сириска територија, додаде Ал Шаибани.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холандија рутинирано до победа против Гвинеја

Следно

ЈП Македонијапат апелира да се отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop