Охрид за Водици – мерки за безбедност на капачите

January 15, 2025
1 min read

Oхрид се подготвува за празникот Водици.Пет тимови на спасители на вода од Црвениот крст, шест медицински тимови, нуркачки екипи и гранична полиција ќе се грижат за безбедноста на капачите кои и оваа година ќе ги има во голем број.Температурата на водата во Охридското Езеро е 9 степени целзиусови ,а на воздухот се очекува да се искачи до 7 степени.

На ден пред празникот Богојавление Водици во сабота на пункт на Црвениот крст медицински тимови ќе вршат основни здравствени прегледи на капачите. Се апелира до сите нив да ја проверат својата здравствена состојба пред да запливаат во студените води на езерото.

Празникот Водици во Охрид ќе биде одбележан со црковни обичаи, а општината организира и богата културна програма.Чесниот крст во Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), г.г. Стефан. Од општината најавуваат масовна посетеност на настанот од домашни и странски гости, а од туристичкиот сектор информираат дека имаат солидна исполнетост на сместувачките капацитети.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Анкара го прими министерот за надворешни работи на новата администрација на Сирија

Следно

Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на

(ВИДЕО) Патниците со позитивни впечатоци: Градскиот воз доби пофалби за брзината и услугата

Брзината на патувањето и услугата се причините за задоволството на патниците кои го користат градскиот воз, според нивните одговори во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“. Во видеото, граѓаните одговараат
Go toTop