Петмесечна горила пронајдена во авион на аеродромот „Истанбул“

January 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Петмесечна горила е пронајдена на аеродромот „Истанбул“ во пратка од Нигерија во авион што преку Истанбул летал до Тајланд минатиот месец, јавува Анадолу.

Младенчето, кое е под постојан надзор, е пронајдено од тимовите за спроведување на царинските закони на Министерството за трговија на Туркије на аеродромот „Истанбул“.

Горилата е најдена во декември минатата година, при обид да се шверцува од Нигерија.

По спасувањето младенчето горила му е предадено на Министерството за земјоделство и шумарство, кое го презеде целиот процес за грижа и рехабилитација.

Во овој период Министерството спроведе анкета на социјалните мрежи за име на младенчето и беше избрано името „Зејтин“ (маслинка на турски јазик).

На фотографиите направени од фоторепортерот на Анадолу може да се види како горилата се храни со шишенце.

Министерството објави фотографија од горилата со порака: „Не грижете се, пријатели, добро сум.“

Исто така, даде информации за здравјето на горилата, велејќи дека младенчето е во стабилна состојба и сѐ уште е под опсервација и нега.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јужна Кореја, САД и Јапонија одржуваат заеднички вежби по лансирањето на ракетите од Северна Кореја

Следно

Костовски: Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната плата

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop