Мицотакис го предложи претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за шеф на државата

January 15, 2025
1 min read

Претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас е предлогот на Нова демократија за кандидат за претседател на Грција, како што претпладнево, во ТВ порака до граѓаните, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека претседателот на државата „треба да има висок авторитет, да биде широко прифатен и секако да има искуство, знаење и почит кон институциите“, но и дека шефот на државата, иако има ограничени извршни овластувања, „тој е симбол на нацијата“.

Владиниот кандидат за претседател на Грција, 65-годишниот Тасулас, кој е член на Нова демократија, беше избран за претседател на Парламентот во 2019 година за време на првиот мандат на Владата на Мицотакис, со рекордни 283 гласа од 300 пратеници и беше реизбран за време на вториот мандат во јуни 2023 година со 249 гласа.

Мицотакис денеска требаше да се сретне со актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу, како што соопштија вчера од нивните кабинети, меѓутоа еден час пред средбата, од Премиерската палата информираа дека оваа средба се одложува за следните денови и соопштија дека грчкиот премиер ќе упати порака до граѓаните.

Преку телевизиска порака до граѓаните, Мицотакис и во 2020 година ја соопшти тогашната одлука Катерина Сакеларопулу да биде кандидатка на Нова демократија за претседател на земјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

Следно

Мицотакис го предложи Константинос Тасулас за шеф на државата

Latest from Blog

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување
Go toTop