Брисел ја осуди изјавата на Костадинов: Ова е неприфатливо!

January 15, 2025
1 min read

Молк од официјална Софија и по реакцијата на Брисел за изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов. Од Европската Комисија за ТВ 24, ја осудија изјавата на Костадинов. Порачаа дека суверенитетот на државите мора да се почитува и дека за ЕУ неприфатливи се сите изјави кои ги поткопуваат основните вредности врз кои е изградена Европската Унија. 

-Како и обично, не коментираме коментари, но потсетуваме дека суверенитетот на државите мора да се почитува. Секоја изјава против или дејствија што ги поткопуваат овие принципи се неприфатливи. Тие се во спротивност со основните вредности на мирот, стабилноста, соработката и добрососедските односи, врз кои е изградена Европската Унија, порачаа од Европската Комисија за ТВ 24.

Костадинов, пратеник во бугарскиот парламент и лидер на партијата „Преродба“ која моментално е трета политичка сила во Бугарија, преку фејсбук статус, минатата недела, ја повика владата во официјална Софија, да објави претензии за припојување на Бугарија со Македонија и Јужна Бесарабија (регион во Украина).

Реагираше македонското МНР, дека очекува официјална Софија да се огради од изјавата на Костадинов, но од таму пристигна само политичка тишина. 

ТВ 24 побара став од институциите во Брисел, со оглед дека овие изјави се од политичар кој доаѓа од земја-членка на Европската Унија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан се сретна со министерот за европски прашања на Северна Македонија, Муртезани

Следно

Ен-Би-СИ: Маск, Безос и Цукерберг ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop