Турскиот министер Болат: Туркије очекува забрзување на преговорите за Царинската унија

January 14, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије очекува преговорите за Царинската унија со Европската Унија (ЕУ) да добијат замав бидејќи Дијалогот на високо ниво за трговија ги унапреди нивните односи и соработка, рече турскиот министер за трговија Омер Болат, јавува Анадолу.

По неговата средба со Томас Ханс Осовски, шеф на делегацијата на ЕУ во Туркије, Болат преку платформата Х истакна дека Туркије придава големо значење на повеќестраниот развој на нејзините односи со ЕУ.

„Туркије се залага за инклузивна трговска политика на ЕУ и соработка во полето на зелената и дигиталната трансформација“, рече Болат.

„Во оваа насока, ќе продолжиме одлучно да ги продлабочуваме и развиваме нашите трговски односи со ЕУ“, додаде турскиот министер.

Туркије и ЕУ го одржаа својот прв Дијалог на високо ниво за трговијата на 8 јули 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Топ 10 ѕвезди што нема да ги гледате на Светското првенство во 2025 година!

Следно

Мицкоски: Наместо да ги оставиме како споменици на минато лошо време, годината ја започнавме со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка. -Како опозиција, сосем е легитимно да

Проданоски: Над 500 првачиња во Прилеп ќе добијат по 3.000 денари од Општината

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со свеченост ќе го одбележи Денот на рударите

По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот
Go toTop