Официјална Софија молчи за барањето за припојување на Македонија кон Бугарија на Костадинов

January 13, 2025
1 min read

Молк од официјална Софија – нема осуда за изјавите на Костадинов. И покрај очекувањето на македонското МНР, официјална Софија остана глува на изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, за припојување на Бугарија со Македонија во една држава.

Според бугарските експерти, молкот од политичката елита од Софија доаѓа од исчекувањето за состав на нова влада, велат дека осбено ГЕРБ, која е во интензивни преговори овие два дена, смета дека треба да се почека со реакции за Македонија. 

– Софија е исклучително внимателна да не ја распалува темата. Темите како таа со Северна Макеоднија колку и да се важни, побитно е сега да се раздели политичкиот колач на власта, за сите да бидат задоволни. Спопред мене, пред да се формира влада, никој нема да сака да коментира официјално. – Ангел Петров Дневник Бугарија.

Според бугарските експерти, новата политичка влада треба да биде предводена од премиерот Желјазков, кој е човек од доверба на Бојко Борисов.. Велат, дека на столчето на Иван Кондов – сегашниот министер за надворешни работи, се очекува да седне Георг Горгиев поранешниот заменик МНР од времето на Захариева. 

Порачуваат и дека ГЕРБ – партијата на Борисов е спремна за разговори со македонската влада, но се уште не се знае под која точка на дневен ред би биле разговорите со Скопје. 

– Една десна партија во Македонија, со којат се договори, може да биде прекрасен сојузник, да ги неутрализираат враќањата на партиите како Преродба и лидери како Костадин Костадинов. Тој ( Борисов) виде дека последниот пат кога ја остави Северна Македонија како тема на националистите, како што беше Каракачанов, тоа не заврши добро за никој. Не верувам дека тој ќе нема интерес од разговори, но не сум сигурен дали тоа ќе биде 4,та. 5та или 6та точка на дневниот ред. – вели Петров.

Во меѓувреме денеска, шефот на бугарската држава Румен Радев и официјално повика дека на 15 јануари – среда ќе го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ – СДС.

ГЕРБ ќе има рок од една недела да ја објави новата влада и министрите, а веднаш откако ќе се случи тоа, ќе има гласање и во бугарскиот парламент.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан во Анкара оствари средба со словенечката министерка Фајон

Следно

Асошиетед прес и Си-Ен-Ен: Во Хрватска победи критичар на ЕУ и НАТО

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop