Кинескиот извоз нагло забрза на крајот на минатата година

January 13, 2025
1 min read

Кинескиот извоз нагло се забрза во декември, а во текот на 2024 година, испораките на индустриски роботи и 3Д печатачи скокнаа особено силно, покажаа податоците на царината.

Извозот изразен во долари е зголемен за 10,7 отсто во декември во однос на истиот месец во 2023 година. Во ноември е зголемен за 6,7 отсто. Увозот се зголеми за еден процент, најсилен од јули.

Во последниот месец од минатата година, Кина забележа суфицит во трговската размена со светот од 104,8 милијарди долари, за 7,6 отсто повеќе отколку во декември 2023 година. Суфицитот во трговијата со САД се зголеми за 12,4 отсто, на 33,5 милијарди долари.

Во цела мината година, извозот изразен во јуани се зголеми за 7,1 отсто, на 25,45 билиони јуани, наведува Глобал тајмс според податоци од царинската управа. Увозот се зголеми за само 2,3 отсто, на 18,39 трилиони јуани. Вкупната вредност на кинеската трговија со светот се зголеми за пет отсто минатата година на 43,85 билиони јуани (5,98 трилиони долари), достигнувајќи ново највисоко ниво откако царинската управа почна да објавува податоци.

-Зголемувањето на трговската вредност во 2024 година, од 2,1 трилиони јуани, одговара на годишниот обем на трговска размена на една средна економија, рече на прес-конференција Ванг Линџун, заменик-шеф на царинската управа. Извозот на електрични возила скокнал за 13,1 отсто, а на 3Д принтери за 32,8 отсто, покажуваат податоците на царината. Испораките на индустриски роботи пораснаа уште посилно, за 45,2 отсто.

Онлајн извозот и увозот достигна вредност од 2,63 трилиони јуани минатата година, што е зголемување за еден трилион јуани во споредба со 2020 година. Испораките на домашни брендови учествуваат со 21,8 отсто во извозот, што е за 0,8 процентни поени повеќе од 2023 година, покажуваат податоците на царината.

Вредноста на трговијата со земјите партнери во иницијативата „Појас и пат“ се зголеми за 6,4 отсто минатата година и за прв пат надмина половина од вкупната трговска вредност, рече Ванг.

Вредноста на трговската размена со САД се зголеми за 4,9 отсто, одржувајќи го чекорот со стапката на раст на вкупната трговија со стоки, истакна претставникот на царинската управа. „Кина увезуваше земјоделски производи, енергија, лекови и авиони од САД, а извезуваше облека, електроника за широка потрошувачка и домашни апарати во САД, што покажува заемна корист и добивка“, нагласи Ванг.

Најголемиот светски увозник на земјоделски производи увезе рекордно количество соја од САД минатата година, во очекување на зголемени трговски тензии по влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Кинескиот пазар на стоки за широка потрошувачка бележи „стабилен“ раст, со увоз на основни производи за широка потрошувачка како главен двигател, додаде портпаролот на царината, Лу Далианг.

Во декември, вредноста на увозот на стоки за широка потрошувачка достигна 167,8 милијарди јуани, што е највисоко ниво во речиси две години, рече тој. Обемот за зголемување на увозот е „огромен“, додаде Лу.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкуловска

Следно

Мицкоски на Вевчански карневал- Традиција стара неколку века

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop