Илиевски: Се надеваме дека ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се надомести нематеријалната штета што ја претрпела Јанкуловска

January 13, 2025
2 mins read

Одбраната на екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкуловска задоволна од ослободителната пресуда за случајот со уништувањето на опремата за прислушување во УБК. Јанкуловска, според адвокатот Влатко Илиевски, кој е сопруг и нејзин бранител, вели дека таа е една од најголемите жртви на прислушкувањето и се надева дека ако „не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето и да се надомести нематеријалната штета која што Гордана Јанкуловска ја има претрпено“. 

Илиевски, во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје, посочи дека од она што го слушнале при објавување на пресудата може да се заклучи дека Судот ги прифатил наводите на одбраната дека кај Гордана Јанкуловска воопшто не постоело ниту умисла, ниту намера да се уништи конкретната опрема, а уште помалку да се причини каква било штета на државата и на Министерството. 

– Задоволни сме од пресудата, чекаме Апелација да ја потврди истата и понатаму се надеваме дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето и да се надомести нематеријалната штета која што Гордана Јанкуловска ја има претрпено како една од најголемите жртви на прислушкувањето, изјави Илиевски.

Јанкуловска, посочи Илиевски, немала добиено документација дека се уништува опремата за прислушкување, бидејќи кога е пратен извештајот дека опремата е уништена фактички веќе и не е министер. Таа, според Илиевски, формирала комисија која што имала општ назив.

– Значи комисија која што требало да направи попис, процена и доколку е потребно да се уништи некоја опрема која што е технички нефункционална и неисправна да ја уништи. Меѓутоа, апсолутно не било наведено каква опрема ќе се попишува, а уште помалку дека треба нешто да се уништи. И се однесувало значи за опрема која што била во рамките на целата Управа за безбедност и контраразузнавање, изјави Илиевски.

Адвокатот Љупчо Шврговски, рече дека се задоволно од пресудата во однос на Гордана Јанкуловска, нагласувајќи дека сметаат оти ослободителната пресуда е правилната одлука. 

– Од таа пресуда сме задоволни. Во однос на пресудата за Тони Јакимовски, од она што беше истакнато од страна на Судот, читајќи го диспозитивот на обвинението тоа претставува фактички изворник на самата пресуда, не сме задоволни и во тој дел сигурно дека ќе поднесме жалба, изјави Шврговски.

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција, на кои им се судеше во отсуство.

За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години, во која се засметува и притворот, обвинетиот Горан Грујевски на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци и обвинетиот Никола Бошкоски на една единствена казна затвор од девет години и десет месеци. Обвинетата Валентинa Симоновска, доби условна осуда со казна затвор од две години, доколку во период од пет години не стори друго кривично дело.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во мај најголемиот турски технолошки фестивал, ТЕХНОФЕСТ, ќе се одржи во Турската Република Северен Кипар

Следно

Кинескиот извоз нагло забрза на крајот на минатата година

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата
Go toTop