Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италија

January 13, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во нашата држава, Паоло Палминтиери.

За време на средбата, министерот Муцунски му посака успешна мисија на новиот италијански амбасадор, изразувајќи уверување дека неговото дипломатско искуство и личен ангажман ќе придонесат значително кон продлабочување на односите и доближување на двете земји. Тој се заблагодари за посветеноста на Италија и нејзината проактивна улога во забрзување на процесот на европската интеграција на Република Македонија.

Соговорниците, изразија заедничко задоволство и од досегашниот развој на билатералните односи, акцентирајќи ги заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски. Притоа, беше нагласена потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката, особено во економскиот сектор и други области од заеднички интерес.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог-законот за платежни услуги и платни системи помина на Комисијата за европски прашања

Следно

Измените на Законот за платежни услуги и платни системи го поминаа првиот собраниски филтер

Latest from Blog

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката

Керик пред отказ, Манчестер јунајтед гледа кон Јулијан Нагелсман

Манчестер јунајтед веќе размислува за нов тренер, а како едно од имињата што се разгледуваат за клупата на англискиот гигант се споменува германскиот стратег Јулијан Нагелсман. Последното разочарување и ремито 1-1 против
Go toTop