Измените на Законот за платежни услуги и платни системи го поминаа првиот собраниски филтер

January 13, 2025
1 min read

Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница констатира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи е прифатлив и треба да се даде на натамошно, второ читање.

Со предложените измени, како што објасни заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, се предвидува допрецизирање на дел од одредбите од постојниот Закон за пристапување на земјава во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА). Законот во голема мера е усогласен со оној во ЕУ, но Европската комисија констатирала одредени регулаторни недостатоци кои треба да се доуредат. Сепак, се очекува, рече Јанкуловски пред Комисијата, Македонија да се приклучи кон СЕПА најдоцна до март 2025 година.

Можноста земјите кои не се членки на ЕУ и еврозоната да имаат право да се вклучат во СЕПА постои од 2020 година, но основниот услов е нивната правна рамка што ги регулира плаќањата да биде хармонизирана со европското законодавство од оваа област.

-Европската комисија укажа на измените на Директивата за платежни услуги ПСД 2 кои беа усвоени по донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи. На ниво на Унијата во март 2024-та беше усвоена регулативата за инстант кредитните трансфери во евра со која се менува Директивата за платежни услуги и платни системи, но и се пропишуваат услови кои платежните и институциите за електронски пари треба да ги исполнат за да им се овозможи пристап до платните системи. Оттука, со измените предлагаме дополнување на постојниот Закон со нов член кој дефинира услови за пристап до определени платни системи. Со измените се пролонгира и рокот за воспоставување на единствениот регистар на сметки (ЕРС) најдоцна до 1 јуни 2025 година, истакна заменик-министерот.

Комисијата оцени дека се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно, второ читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките, како и Предлог-законот за изменување на Законот за финансиската инспекција во јавниот сектор. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италија

Следно

Од ноќеска поскапуваат горивата

Latest from Blog

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката

Керик пред отказ, Манчестер јунајтед гледа кон Јулијан Нагелсман

Манчестер јунајтед веќе размислува за нов тренер, а како едно од имињата што се разгледуваат за клупата на англискиот гигант се споменува германскиот стратег Јулијан Нагелсман. Последното разочарување и ремито 1-1 против
Go toTop