Предлог-законот за платежни услуги и платни системи помина на Комисијата за европски прашања

January 13, 2025
2 mins read

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи денеска доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за европски прашања.

Заменик-министер за финансии, Николче Јанкуловски во образложувањето пред членовите на Комисијата истакна дека со предлог-измените се уредуваат одредбите од постојниот Закон со кои се уредува начинот на пресметка на сопствените средства на платежната институција, односно институцијата за електронски пари. Исто така, како што потенцира, Европската комисија ги стави на внимание измените на Директивата за платежни услуги ПСД 2 освоени по донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи.

-Имено, на ниво на Унијата во март оваа година е усвоена Регулативата 2024/886 која се однесува на инстант кредитните трансфери во евра со која се менува Директивата за платежни услуги и платни системи ПСД 2 и со истата се пропишуваат услови кои платежните институции и институциите за електронски пари треба да ги исполнат за да им се овозможи пристап до платните системи. Со предложените измени на Законот за платежни услуги и платни системи постојниот закон се дополнува со нов член 135 а со кој се пропишуваат услови за пристап до определени платни системи. Исто така, со предлог измените се прават и измени кои се од национален карактер, односно се пролонгира рокот за воспоставување на Единствениот регистар на сметки чиј администратор е Централниот регистар најдоцна до јуни 2025 година, заради завршување на сите активности поврзани со воспоставување на регистарот, рече заменик-министерот.

Јанкуловски објасни дека во Законот се уредуваат видовите на платежни услуги, дозволата за давањето на платежни услуги, издавањето електронски пари, транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги, правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги, отворањето и користењето на платежната сметка, преносливоста на платежната сметка, транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги, постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги, платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над платежните институции, институциите за електронски пари и операторите на платните системи, воспоставувањето и одржувањето на единствениот регистар на сметки, како и други прашања поврзани со платежните услуги и платните системи.

-На Билатералниот скрининг за Поглавје 4 – Слободно движење на капитал, кој се одржа во февруари 2023 година, Европската комисија искажа подготвеност на Република Северна Македонија да и даде можност за забрзана интеграција во одредени области, при што земјата ќе има можност да ги користи сите бенефиции кои ги нуди конкретната област, а без притоа да е полноправна членка на Унијата. Од 2020 година постои можност земјите кои не се членки на Европската Унија и еврозоната да имаат право да се вклучат кон Единствената Европска Платежна Област (СЕПА), која е една од приоритетните активности и во Планот за раст на земјите од Западен Балкан.  На 30 април 2024 година, Народната банка достави пред апликација за пристапување во СЕПА до Европската комисија заради добивање на необврзувачко мислење по однос на усогласеноста на домашната регулатива со регулативата на ЕУ релевантна за пристапување во СЕПА областа. Со оглед дека постојниот Закон за платежни услуги и платни системи во голема мера е усогласен со европското законодавство од оваа област, Европската Комисија укажа на потребата допрецизирање на дел од одредбите од постојниот Закон заради успешно завршување на процесот на пристапување на земјата во СЕПА областа, рече Јанкуловски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турските безбедносни сили неутрализираа шест терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

Следно

Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Италија

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop