Остин и препорача на администрацијата на Трамп зголемување на буџетот за одбрана за околу 50 милијарди долари во 2026 година

January 13, 2025
1 min read

Американскиот министер за одбрана во заминување, Лојд Остин, препорача зголемување на буџетот за одбрана за околу 50 милијарди долари повеќе од сегашните проекции за 2026 година, потег што може да ги поттикне трошоците за одбрана на повеќе од билион долари во наредниот период. објави денеска Блумберг.

Во писмото од 27 ноември до Канцеларијата за менаџмент и буџет, во кое увид имал Блумберг, секретарот Остин и препорача на администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп петгодишен одбранбен буџет што предвидува 926,5 милијарди долари во фискалната 2026 година, во споредба со предвидената распределба од 876,8 долари милијарди долари.

Во писмото, исто така, се предлагаат трошоци за одбраната од 972,8 милијарди американски долари во фискалната 2027 година и повеќе од еден билион американски долари во фискалната 2028 година, со дополнителни зголемувања од над билион долари во фискалната 2029 и 2030 година.

Во предлог-буџетот за одбраната и националната безбедност за 2025 година, што беше објавен минатиот март, администрацијата на претседателот Бајден повика овие трошоци да се зголемат за само еден процент во споредба со претходната година.

Врз основа на двегодишниот буџетски договор, што беше постигнат во средината на 2023 година, зголемувањето на буџетот беше ограничено на еден процент.

Трамп минатата недела рече дека членките на НАТО треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот по влажни коловози и кашест снег, забрана за камиони на неколку патни правци

Следно

Родителите на Коста Кецмановиќ: Сам решил да го изврши злосторството, ние не влијаевме ниту знаевме

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На

Николоски: Градиме инфраструктура што ќе ја направи Македонија транспортна раскрсница на Балканот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека стратешката визија на Владата Македонија да стане клучна сообраќајна раскрсница на Балканот постепено се реализира преку изградба на нови патни правци и зајакнување
Go toTop