Турскиот министер Фидан: Туркије ќе го направи својот дел за да им го олесни на Сиријците тешкиот пат кој им претстои

January 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије ќе го направи својот дел да „помогне во олеснувањето на тешкиот пат“ кој му претстои на сирискиот народ, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, јавува Анадолу.

Фидан присуствуваше на состанокот за иднината на Сирија во саудискиот главен град Ријад, заедно со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Сирија, Бахреин, Египет, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати, соопшти турското Министерство за надворешни работи на платформата X.

Новата сириска администрација предводена од Ахмед ал-Шара го презеде раководството во Сирија по соборувањето на Башар ал-Асад минатиот месец. Таа повика на укинување на санкциите со цел да се опорави од речиси 14-годишната граѓанска војна.

Фидан истакна дека ако Сириските демократски сили (СДФ) се искрени во своите напори да се интегрираат во централната сириска влада, треба да го објават своето распуштање.

Тој нагласи дека зачувувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија мора да остане „примарен фокус“.

СДФ е предводена од ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.

Фидан повтори дека терористичката организација продолжува да претставува сериозна закана за арапското мнозинство во подрачјето источно од Еуфрат во Сирија, и ги искористува природните ресурси што му се најпотребни на сирискиот народ.

„Можеме да работиме заедно за да го зајакнеме капацитетот на новата влада за ефикасна борба против ДЕАШ. Како Туркије, ние сме подготвени да го дадеме нашиот дел за да помогнеме во олеснувањето на тешкиот пат кој претстои пред сирискиот народ“, додаде турскиот министер.

– „Регионалните земји имаат ‘најголема одговорност’ за иднината на Сирија“ –

Шефот на турската дипломатија истакна дека земјите од регионот имаат „најголема одговорност“ во управувањето со случувањата во Сирија и потврди дека територијалниот интегритет, единство и суверенитет на земјата остануваат основни принципи кои ги водат нивните напори.

Тој рече дека знаците за нормализација во Сирија секој ден стануваат сѐ посилни, додавајќи: „Во овој клучен период, ние мора да дејствуваме како балансирачка сила, внимателно усогласувајќи ги очекувањата на меѓународната заедница со реалноста со која се соочува новата администрација на Сирија.“

Фидан нагласи дека напорите за поддршка на Сирија би можеле да бидат поефикасни со воспоставување механизам или комисии за координација, и ја нагласи потребата од идентификување на приоритетните сектори за да се направат повеќе исклучоци од санкциите во иднина.

По арапскиот министерски состанок следува меѓународна средба на која ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Туркије, Велика Британија и Германија. Се очекува САД и Италија да учествуваат на ниво на заменици министри за надворешни работи.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел го одобри планот за повлекување на своите трупи од Газа

Следно

Шолц: Реториката на Трамп против Гренланд, Канада и Панама е причина за загриженост

Latest from Blog

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,
Go toTop