Втор круг претседателските избори во Хрватска

January 12, 2025
1 min read

На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути.

Во првиот изборен круг учествуваа осум кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1 отсто освоени гласови и Приморац со 19,35 отсто поддршка од гласачите.

Државната изборна комисија ги повика гласачите да не се јавуваат телефонски, да не испраќаат СМС пораки или е-пошта, а кандидатите и нивните предлагачи да се воздржат од објавување на нови пропагандни содржини како статуси, видео клипови, слики или коментари на социјалните мрежи или платформи.

Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните, објавија вчера хрватските медиуми.

Анкетата покажува дека 6,8 отсто од гласачите се неопределени, а 2,9 отсто од нив најавуваат дека ќе го поништат гласачкото ливче.

Кога тие бројки ќе се споредат со истото истражување од минатиот месец пред изборите, Милановиќ денеска би требало да освои осум отсто повеќе гласови, а Приморац седум отсто помалку отколку во декември, пишува загрепскиот портал индекс. хр.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на централниот дел на Газа

Следно

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка. -Како опозиција, сосем е легитимно да

Проданоски: Над 500 првачиња во Прилеп ќе добијат по 3.000 денари од Општината

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со свеченост ќе го одбележи Денот на рударите

По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот
Go toTop