Во Хрватска утре втор круг од претседателските избори, Милановиќ фаворит

January 11, 2025
1 min read

Во Хрватска од полноќ е изборен молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори, каде што утре актуелниот претседател Зоран Милановиќ се бори за својот втор мандат, а за противкандидат го има Драган Приморац. 

Милановиќ, кој е поддржан од Социјалдемократската партија и партнерските партии, во првиот круг од изборите на 29 декември освои 49,09 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница Драган Приморац освои 19,35 отсто. 

Според последната анкета на РТЛ во пресрет на вториот круг од претседателските избори, Милановиќ ќе добие втор мандат на таа функција бидејќи го поддржуваат 62,5 отсто од гласачите, додека Приморац ќе има поддршка од 27,8 отсто од граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНАМ: Со усвојувањето на интерпелацијата, Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата 

Следно

Утре втор круг од претседателските избори во Хрватска, Милановиќ фаворит

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop