Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел

January 11, 2025
1 min read

Воздушно-вселенските сили на Иранската револуционерна гарда (IRGC) денеска покажаа, како што државната телевизија го нарече подземен ракетен град.

Ракетната база беше откриена од командантот на ИРГЦ Хосеин Салами и шефот на воздушно-вселенскиот сектор Амир-Али Хаџизадех, објави агенција Тасним, која е  тесно поврзана со ИРГЦ.

Според извештајот на Тасним, базата била користена во иранските ракетни напади врз Израел во операции што Исламската Република ги нарече „Вистинско ветување 1“ ( True Promise 1) и „Вистинско ветување 2“ (True Promise 2) во април и октомври 2024 година.

„Вулканот што се наоѓа под овие планини може да еруптира во најкус можен рок“, се наведува во извештајот на државната телевизија.

Претходно истиот ден, Салами рече дека Иран има повеќе проектили отколку што може да складира, отфрлајќи ја, како што ја нарече, непријателската пропаганда за слабеење на иранските вооружени сили по повторените израелски напади врз Иран и неговите сојузници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најстудено во Маврови Анови со – 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег

Следно

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот

Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7. Патниците му помогнале на екипажот Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет,
Go toTop