Нома, најдобриот ресторан во светот, затвора

January 9, 2023
1 min read

Планот на Рене Реџепи е ресторанот целосно да го затвори за гости до крајот на 2024, и потоа да го пренамени во „лабораторија за храна“ која ќе работи на развивање нови јадења и производи за Noma Projects.

„Неговиот работен опис во иднина ќе биде поблизок до оној на ’креативен директор’ одошто на ’кувар’,“ наведува Тајмс.

И пред сегашната криза со плати и нивната висина, Реџепи укажуваше дека за одржување на врвниот стандард, потребно е максимално залагање кај сите негови, речиси 100, вработени, кои пак тој не е во можност праведно да ги плати затоа што би требало да ги подигне цените до степен кој пазарот не би можел да го издржи. 

„Ќе мораме целосно да ја реобмислиме индустријата. Вака е претешко, ќе мораме да работиме на друг начин“, вели тој.

Нома речиси две децении редовно е еден од најдобрите ресторани во светот, па за добар дел од туристите тој се претвори во главна причина за посета на главниот град на Данска, дури и по цена од 500 долари за оброк.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Полицијата апсеше за дрога во Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Следно

Уапсен 38-годишен маж кој си го истепал малолетниот син

Latest from Blog

Рубио предупредува: Плановите на Израел за Западниот Брег се закана за прекин на огнот

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата предупреди дека одобрувањето од страна на израелскиот парламент на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, потег што е еднаков на анексирање на

Eвропски „котел“ е БАЛКАНОТ, рече британскиот премиер по санкциите за бандите од КОСОВО И ХРВАТСКА

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Go toTop