Нетанјаху треба да биде приведен ако ја посети Полска, вели известувачката на ОН, Албанезе

January 10, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за Палестина, Франческа Албанезе, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за приведување, треба да биде приведен доколку ја посети Полска, известува Анадолу.

Албанезе сподели објава на платформата Х во врска со дискусиите за посетата на Нетанјаху на Полска.

Потенцирајќи дека земјите членки на МКС се обврзани да ги приведат оние за кои судот донел одлука, Албанезе рече: „Полска, која ја осуди Монголија затоа што не го приведе рускиот претседател Владимир, треба да го приведе Нетанјаху доколку дојде во земјата. Селективната примена на законот ја поткопува универзалноста на меѓународната правда и мултилатерализмот.“

– Пристапот на Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда побара од Владата да се погрижи Нетанјаху да присуствува на настаните по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц без да се соочи со приведување за воени злосторства во Газа.

Полскиот заменик-министер за надворешни работи Владислав Бартошевски пред повикот на претседателот Дуда изјави дека доколку Нетанјаху дојде во Полска, тој ќе биде приведен во согласност со обврските на земјата кон МКС.

МКС издаде налози за приведување на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант на 21 ноември 2024 година, за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Појасот Газа.

Лицата што беа држени во концентрациониот логор Аушвиц беа ослободени од војниците на Црвената армија на 27 јануари 1945 година. Аушвиц е симбол на холокаустот, за време на кој околу 6 милиони луѓе беа убиени во концентрационите логори.

Се претпоставува дека само во логорот Аушвиц биле убиени приближно 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити

Следно

Собранието вечерва ги отфрли интерпелациите за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стољковиќ

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop