Македонскиот пасош на 40-то место во светот, без визи може да се патува во 129 земји

January 9, 2025
1 min read

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс.

Printscreen / henleyglobal.com/passport-index

Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ пасошот е во колку земји може да се влезе со него без виза.

Printscreen / henleyglobal.com/passport-index

Македонија го дели 40. место со Црна Гора и Маршалските Острови. Од регионот најдобро позиционирани се Грција на шестото и Словенија на 10 место. Хрватска е на 11-то, Бугарија е 15-та, Србија 34-та. Пасошот на Албанија е на 43 позиција, на Босна и Хрцеговина на 44, а на Косово е 63-ти.

Најмоќниот пасош во светот го има Сингапур, бидејќи овозможува патување без визи во вкупно 195 од 227 држави и територии ширум светот. Втор е јапонскиот пасош (193 земји), на третото место се Финска, Франција, Германија, Италија, Јижна Кореја и Шпанија (192), на четврто се Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка и Шведска (191), на петото се Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Велика Британија (190), шести се патните исправи на Австралија и Грција (189), седми Канада, Малта и Полска (188), а осми на Чешка и Унгрија (187). Американската патна исправа е на деветото место, што го дели со Естонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 186 земји, а листата на топ 10 најмоќни пасоши ја заокружуваат Летонија, Литванија, Словенија и Обединетите Арапски Емирати.

На дното на листата се Ирак чии граѓани можат без визи да патуваат во 31 земја, Сирија – во 27 и Авганистан – во 26 земји.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Остин: Американската војска треба да остане во Сирија за да се спротивстави на групата Исламска држава

Следно

ВИДЕО: Граѓански активист за чист воздух во Кочани претепува гостин во неговиот локал

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop