Во нападот врз претседателската палата во Чад загинаа 19 лица

January 9, 2025
1 min read

ЈАУНДЕ (АА) – Најмалку 18 вооружени лица загинаа, а девет се повредени при обидот синоќа да упаднат во претседателската палата во главниот град на Чад, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Нападот се случи во населбата Џамбал Бахр во Нџамена, каде имаше судир меѓу обезбедувањето на палатата и вооружените напаѓачи.

Престрелката, која траела околу еден час, била ставена под контрола од безбедносните сили до 21:30 часот по локално време.

За време на нападот загинал и владин функционер.

Идентитетот на напаѓачите не е откриен, а одредени извори шпекулираат дека нападот можеби го извршила терористичката организација Боко Харам, но нема потврда од официјалните претставници.

Владата на Чад го карактеризира нападот како „обид за државен удар“.

Не е откриено каде се наоѓал претседателот Махамат Идрис Деби Итно за време на нападот.

На видеата што кружат на социјалните мрежи се гледаат напаѓачи облечени во цивилна облека.

Претходниот претседател Идрис Деби Итно почина во април 2021 година додека ја водеше операцијата против сепаратистичката организација Фронт за промени во Чад (FACT) на северот на земјата.

Неговата смрт предизвика период на транзиција, при што неговиот 37-годишен син Махамат Идрис Деби Итно го презеде раководството со Воениот преоден совет.

Во текот на следните месеци Махамат Деби вети дека ќе се одржат избори по 18-месечна транзиција и дека власта ќе им биде предадена на цивилите. Но во октомври 2022 година Националниот форум за дијалог го продолжи периодот на транзиција за уште две години, дозволувајќи му на Махамат Деби да се кандидира за претседател на изборите во 2024 година.

Тој беше избран за претседател откако на изборите на 6 мај освои 61 отсто од гласовите.

На 28 ноември Владата на Чад објави раскинување на договорот за соработка во областа на безбедноста и одбраната со Франција.

Одредени француски трупи почнаа да се повлекуваат од Чад на 10 декември и претседателот Деби потврди дека сите француски сили ќе бидат целосно повлечени до 31 јануари 2025 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарската Агенција за патишта делумно виновна за автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани

Следно

„Ако бев во Ферари, немаше да потпишам со Луис Хамилтон“

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop