Што се знае за метапневмо вирусот?

January 9, 2025
3 mins read

Извештаите дека случаите на вирус сличен на грип наречен HMPV се зголемуваат во Кина, предизвикаа загриженост, но експертите ги отфрлија стравувањата дека ситуацијата е споредлива со почетоците на Ковид-19 пред пет години.

Факти за HMPV:

HMPV е кратенка за „човечки метапневмовирус“ и генерално предизвикува блага инфекција на горниот респираторен тракт. Се шири преку контакт од човек на човек или кога некој ќе допре контаминирана површина. Вообичаени симптоми вклучуваат кашлање, треска и затнат нос – многу слични на многу видови настинка и грип.

Ранливите групи како што се малите деца, постарите лица и луѓето со компромитиран имунолошки систем може да имаат потешки симптоми.
„Советите за  лекување ХМПВ се слични на оние за грип“, вели Џон Трегонинг, професор по имунологија за вакцини на Империал колеџ во Лондон.

„Да се ​​заштитите себеси со тоа што ќе бидете во добро проветрени (простории), ќе ја покриете устата кога кашлате и ќе ги миете рацете“.
„Заразените луѓе треба „да се одморат, да земаат течности (и) да се трудат да не го пренесат на други“.

Коронавирусот што предизвикува Ковид-19 беше непознат кога првпат се појави кај луѓето кон крајот на 2019 година. Тоа значеше дека луѓето никогаш не биле изложени на него и немале имунитет, што го зголемуваше ризикот од тешка болест.
Спротивно на тоа, HMPV циркулира со децении и луѓето ширум светот веќе имаат одредена заштита од него.

„Вирусот е дел од коктелот на зимските вируси на кои сме изложени“, рече Трегонинг.

Пол Хантер, професор по медицина на британскиот универзитет во Источна Англија, рече дека „речиси секое дете ќе има барем една инфекција со ХМПВ до својот петти роденден“.
„Многу луѓе се заразуваат со вирусот неколкупати во текот на нивниот живот“.

Кинеската Управа за контрола на болести одржа широка прес-конференција непосредно пред новата година за да разговара за нејзиниот „напредок и достигнувања“.
Меѓу другите мерки, Националниот центар за контрола и превенција на болести објави дека „пилотира активно следење на пневмонија од непознато потекло“ додека ја развива својата општа превентивна стратегија.
Подоцна, одговарајќи на прашање за „преплетот на повеќе заразни болести“ оваа зима, највисокиот функционер Кан Биао даде преглед на состојбата на различни заболувања во земјата.
 
Сепак, истакна тој, „размерот и интензитетот на ширењето на респираторните заразни болести се помали од лани “.

Кинеското Министерство за надворешни работи минатиот петок изјави дека е „безбедно да се патува во Кина“.

Сликите на пациенти со маски за лице кои ги полнат болничките соби за итни случаи кружеа нашироко на кинеските социјални медиуми во последните неколку недели, но таквите сцени не се невообичаени за зимата.

На глобално ниво, загриженоста брзо се рашири, при што оние кои предизвикуваат загриженост укажуваат на перцепираниот недостаток на транспарентност на Пекинг во текот на пандемијата „Ковид-19“.

Кон крајот на декември, Светската здравствена организација (СЗО) ја замоли Кина да сподели повеќе податоци за потеклото на Ковид-19, велејќи дека тоа е „морален и научен императив“.
Но, во вторникот, СЗО се обиде да ги ублажи стравувањата околу ХМПВ.
„Пријавените нивоа на респираторни инфекции во Кина се во нормален опсег – тоа е она што би очекувале да го видиме за зимска сезона“, рече портпаролката Маргарет Харис. 

Вирусот во Македонија

Во изјава за Фактор.мк, портпаролот на Комисијата за зарасни болести, д-р Злате Мехмедовиќ потврди дека вели дека немаме потврден случај на овој респираторен вирус и според него нема потреба од паника

-Хуманиот метапнеумовирус не е нов вирус, истиот е откриен пред 23 години во Холандија кога биле потврдени неколку случаи на заболени деца со симптоми налик на грип. Вообичаено ги инфицира и прави компликации кај децата до 2 годишна возраст, но и кај имунокомпромитирани лица. Нема потенцијал за предизвикување на пандемија налик на пандемијата предзивикана со SARS Cov2 вирусот. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни. Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Компликациите од овој вирус се исклучително ретки, вели д-р Мехмедовиќ, нагласувајќи дека тие може да се јават кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет, додаде Мехмедовиќ.

Во Европската Унија цени дека во моментов нема потреба од подготовка за нова пандемија, а Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) ја следи ситуацијата внимателно.

-Можам да ве уверам дека во моментов не е неопходно во ЕУ да се подготвиме за нова пандемија, изјави портпаролката на Европската комисија за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство, Ева Хрнчирова. 

– Свесни сме за извештаите во медиумите и за ситуацијата во Кина. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) е многу внимателен во следењето на ситуацијата и за тоа ќе дискутира и Комитетот за здравство и состојбата ќе се следи и во наредните недели, нагласи Хрнчирова.  

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на повеќе патни правци во државата

Следно

Сончево и топло, температурите до 15 степени!

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop