САД: Пожарите низ Лос Анџелес зедоа две жртви, изгорени над 1.000 домови и деловни објекти

January 8, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Големите шумски пожари, помогнати од силните ветрови и временските услови без врнежи, брзо се проширија низ области во северниот и северозападниот дел на Лос Анџелес, земајќи две жртви и уништувајќи над 1.000 домови, деловни и други објекти, јавува Анадолу.

Пожарот во Палисејдс е најголем и тоа е првиот пожар што избувна вчера, опожарувајќи повеќе од 3.000 хектари и продолжува да се шири во и околу богатиот кварт Пацифик Палисејдс во близина на брегот. Во три пожари во областа – во Итон, Харст и Вудли – опожарени се речиси 3.000 хектари. Тие се наоѓаат северно и североисточно од пожарот во Палисејдс.

Пожарот во Итон е најголем од трите помали пожари и зафати 2.227 хектари. Во пожарот во Харст изгореа над 500 хектари, а во пожарот во Вудли 75 хектари.

Контролата на сите пожари е нула процент бидејќи авионите, кои обично помагаат во напорите за гаснење на пожарите, се приземјени низ целиот регион поради силните ветрови. Националната метеоролошка служба (NWS) продолжува да алармира за „деструктивна бура во областа што е опасна по живот“ што се комбинира со повисоки температури и многу ниска влажност и го зголемува ризикот од пожари. Издадено е црвено предупредување, а предупредувањето за силни ветрови останува во сила.

На над 70.000 жители на подрачјето на Лос Анџелес им е наредено да се евакуираат, соопштија официјални претставници на прес-конференција.

„Сакаме сите да сфатат дека сè уште не сме апсолутно надвор од опасност поради силните ветрови што и денес продолжуваат во градот и округот“, изјави за новинарите началничката на Противпожарната служба на Лос Анџелес, Кристин Кроули.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди распоредување на четири големи воздушни танкери на американската Шумска служба, а уште еден е на пат, како и 10 федерални противпожарни хеликоптери за да помогнат во борбата со пожарите, соопшти Белата куќа. Десетици противпожарни возила на Шумската служба, исто така, ќе помогнат во напорите за гаснење на пожарите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден ја прошири рамката за санкции на Западен Балкан – на црната листа и децата на корумпираните!

Следно

Туркије побара укинување на санкциите за Сирија по соборувањето на Асадовиот режим

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop