Нејмар: Светското првенство во 2026-та година ќе биде мое последно

January 8, 2025
1 min read

Ѕвездата на бразилската репрезентација Нејмар најави дека Светското првенство во 2026 година ќе му биде последно со тимот.

-Знам дека ова ќе биде моето последно Светско првенство, мојата последна шанса. Ќе направам се што е можно за да го освојам турнирот, рече 32-годишниот во интервјуто што го пренесе Си-Ен-Ен.

Фудбалерот на саудиски Ал-Хилал ќе има 34 години за време на Светското првенство следната година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Нејмар беше тешко повреден за време на квалификацискиот натпревар со Уругвај на 17 октомври 2023 година и се уште не се вратил во националниот тим. Тој има одиграно само два натпревари за својот клупски тим, за кој се врати во октомври.

На шест кола до крајот на квалификациите, селекцијата на Бразил е на петтото место во поредокот – седум бода помалку од лидерот Аргентина, а првите шест селекции директно се квалификуваат за шампионатот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирија ги повика САД да ги повлечат сите санкции против претходниот режим

Следно

Зеленски: Не треба да се брза со заклучоци за американската политика

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop