Бајден ќе одржи говор во Варшава, еден ден по неговата посета на Киев

February 21, 2023
1 min read

Бајден, исто така, ќе ѝ се заблагодари на Полска што им помогна на САД и другите сојузнички земји да организираат испорака на воена и хуманитарна помош за Украина

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе одржи говор во главниот град на Полска, ден по неговата историска посета на Киев. Пред тоа, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда за да разговара за колективните напори на Западот да ја поддржи Украина во нејзината борба против руската агресија.

Бајден, исто така, ќе ѝ се заблагодари на Полска што им помогна на САД и другите сојузнички земји да организираат испорака на воена и хуманитарна помош за Украина.

Вечерва, тој ќе одржи говор во кој ќе истакне како Америка помогна да се соберат украинските сојузници додека војната влегува во втората година, а крајот не се гледа.

„Претседателот Бајден ќе нагласи дека Соединетите Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, исто како што кажа многу пати досега, онолку колку што е потребно“,

изјави Џон Кирби, советник за национална безбедност на Бајден.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп: Среќен сум што играме со Реал во моментот

Следно

ВИДЕО: Снимка од новиот земјотрес во Турција ја леди крвта, погледнете како се тресеше земјата

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop