Украина вели дека е подготвена да го пополни местото на Унгарија во ЕУ и НАТО доколку ги избере руските блокови

January 8, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украина е подготвена да го пополни „секое празно место“ во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го повлече своето членство од овие организации за да им се придружи на блоковите предводени од Русија, соопшти денес нејзиното Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Украина би била подготвена да го пополни секое празно место во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го испразни во корист на членство во ЗНД (Комонвелтот на независни држави) или ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност)“, се вели во соопштението на Министерството.

Коментирајќи ја изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто дека поради одлуката на Украина да го запре транзитот на руски гас преку нејзина територија се зголемиле цените, од Министерството велат дека изјавите се дел од „политички мотивирана информативна кампања наменета за домашна потрошувачка“, потсетувајќи дека Европската комисија на 1 јануари соопштила дека одлуката немала негативно влијание врз енергетската сигурност на ЕУ или потрошувачките цени.

„Отсекогаш Русија била единствена причина за предизвиците на европскиот енергетски пазар“, се вели во соопштението, обвинувајќи ја Москва дека „со децении“ ја користи енергијата како оружје, но и за уцена и поткопување на енергетската безбедност.

Во соопштението се вели дека Унгарија треба отворено да признае дали и е приоритет јакнење на Русија во однос на ЕУ и САД“.

„Доколку Унгарија навистина сака да придонесе за завршување на војната, треба да започне со тоа што нема да го поткопува единството во ЕУ и наместо тоа да работи на зајакнување на енергетската безбедност и независноста на сопствената земја и граѓаните заедно со остатокот од Европа и САД“, се додава во соопштението.

На 1 јануари истече петгодишниот договор меѓу Москва и Киев за транзит на руски гас преку Украина бидејќи таа одби да го продолжи договорот „во интерес на националната безбедност“.

ЕУ започна со пристапни преговори со Украина во декември 2023 година.

Киев, исто така, поднесе барање за членство во НАТО во септември 2022 година, неколку месеци откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло! Обвинителство? Судство?

Следно

„Доколку ПКК/ЈПГ не го исполни ултиматумот, одговорот ќе биде воена операција“, изјави министерот Фидан

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop