ВЛЕН: Груби, одраз на ароганцијата на ДУИ нон грата

January 8, 2025
1 min read

ВЛЕН со соопштение по повод најавата дека поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе добие отказ од Универзитетот во Тетово.

„Веста дека нон грата Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово поради неоправдани отсуства е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција која ДУИ ја негува со децении. Како може човек кој не може да ги исполни ниту своите академски обврски, да се обиде да продаде политички морал и да зборува за јавна одговорност?

Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција која мора да промовира интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел спротивен на овие вредности не може да биде позитивен пример за младите, затоа е посоодветна одлуката на Универзитетот да му врачи отказ на нон грата Артан Груби. Коалицијата ВЛЕН претходно и соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред студентите.

Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност на етичките принципи и почитување на општествените норми, кои Груби се чини дека ги поткопувал во текот на неговата кариера.

Оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност која ДУИ нон грата ја негуваше низ годините. Вклучувањето на луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард од оваа партија. Наместо да промовира меритократија и одговорност, ДУИ нон грата им дозволи на личностите вклучени во контроверзи и сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ја не само довербата на граѓаните, туку и самите основи на демократското општество“, велат од ВЛЕН.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинотека со богата и разновидна зимска програма за сите генерации

Следно

ЦУК: Во изминатото деноноќие 1.359 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop