Најмалиот етно музеј во Џепчиште, најголема училница за културно наследство

January 7, 2025
2 mins read

Викендичката во тетовско Џепчиште во која од 1991 година Симеон Златев-Моне чува околу 2000 стари предмети, освен што наликува на мал етнолошки музеј, претставува и една голема училница за културно наследство. Тука доаѓаат возрасни, но и деца, ученици, па кога ќе почнат да прашуваат за предмети од пред стотина години, успеваат и да научат за историјата, културата и традицијата на македонскиот народ.

Уште во дворот од музејот се поставени народните носии, кои на некој начин ги пречекуваат посетителите, а објаснувањето на Моне за нив, дава слика за начинот на живот на нашите предци.

– Рачна работа е оваа носија, ништо нема машински, нашите прабаби биле многу вредни и затоа имаме големо богатство ние Македонците, благодарение на нивните мисли и работливост. Машката носија пример е едноставна, имаат по еден голем џеб, каде ставале жито и го фрлале како храна за кокошките, носеле и опинци, вели Моне.

Симеон Златев, кој е во осмата деценија од животот, почнал како дете да ги чува старите предмети од неговите баби. До 1991 година се собрала поголема колекција, па добил совет од најблиските роднини и пријатели богатото културно и традиционално наследство да го презентира и пред пошироката јавност.

-Станав една личност која ги презентира нашиве национални богатства на едно повисоко ниво. Од тогаш доаѓаат групи, школи, од факултети доаѓаа да ги испитуваат, да снимаат некои ретки предмети и имав двајца студенти дипломираа на музејот. Една женска особа магистрираше во Виена на Музејот, а еден докторираше на делови од предмети користеше од Музејот, во Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ). Навистина јас бев изненаден, потоа, ја овие предмети за да им го продолжам векот на живеење издадов и 12 книги чиј автор сум, ни раскажа Симеон Златев.

Малата просторија од девет квадратни метри ги собира најголемиот дел од околу 900 предмети. Во претсобјето се наоѓаат уште неколку стотици или вкупно околу 2000. Подредени се по намена, групи и категории. Моне проценува дека веќе над 60 илјади луѓе го посети неговиот музеј.

-Најмал предмет во музејот, се интересираа некои, кој е најмалиот, викам гласачко топче, гумено е тоа. Сантиметар дијаметар има. Сантиметар со сантиметар, како топче. Најтежок предмет беше и е сè уште мелница камена за мелење на бунгур на жито. Најголем предмет ми е софра бакарна која е живописана самата. Освен што служела кај богатите аги и паши како софра за јадење и туку толку е обработена стилски со вегетативна пластика да навистина да јадеш на неа, да поставиш јадење, затоа некои ја користеле ја закачувале на ѕид, како слика како украс, вели нашиот соговорник.

За ова богатство знаат и многумина странци. Низ вратата на музејот, стара над 200 години поминал и еден од најниските луѓе актерот Ворвик Дејвис со висина од еден метар и седум милиметри, инаку познат по улоги во филмовите Господар на прстените и Хари Потер. Во 2010 година тој беше таму со Карл Пилкинтон со кого на ТВ Дисковери снимаа епизода од серијата „По стапките на Марко Поло“. Нашиот домаќин вели дека тоа бил еден од незаборавните денови во музејот.

-Ми се јавија организаторите дека најмалиот актер англиски Ворвик од Хари Потер, глумел, сакал да ме посети. Најмалиот актер во свет во најмалиот етно музеј во свет. Дојдоа со специјално камери, јас бев изненаден. Комшии вадеа, столици, маси, многу луѓе се собраа, се потсети Моне,за МИА.

Освен по издадени книги, зборот за најмалиот етно музеј се шири и преку редовните изложби на кои Симеон Златев-Моне учествува со дел од предметите. Тетовскиот ентузијаст редовно го пријавува музејот како место кое може да се посети во рамки на манифестација „Европски денови на културното наследство“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговор со академик Јане Коџабашија

Следно

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Мајка роди три бебиња на Бадник во Македонија

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop