Христијаните го слават Божиќ – честитки до граѓаните од државниот врв и сите политички партии

January 7, 2025
1 min read

Православните христијани денеска го слават големиот празник Христово раѓање Божиќ. Од изутрина во сите црковни храмови се одржуваат божиќни литургии каде присуствуваа голем број граѓани. Тие меѓу себе се поздравуваат со Христос се роди, честит Божиќ.

„За мене е ова најголемиот православен празник, им порачувам на сите православни да одат на литургија, да живеат според божјите заповеди. Посакувам многу повеќе љубов да имаме, многу повеќе да се помагаме и во добро и во лошо, тоа е православието“.

„За многу години нека ни е, живи и здрави, државата да ни оди напред, младите тука да ни бидат до нас“.

„Радост, љубов, се најдобро во светот, очекуваме многу нешта верувајќи во Бога па ако се оствари“.

На утринската литургија присуствуваше и државниот врв. Претседателката Гордана Силјановска Давкова го честиташе празникот за кој рече дека ова за христијаните е ден над деновите.

„Христос се роди. Јас веќе кажав, веројатно Ден над деновите за сите христијани. Се надевам дека навистина како што архиепископот неколку пати напомена дека ова ќе значи дека знаеме дека ѕвездата од Витлеем не` води и дека најдоброто од нас ќе се разбуди на овој ден“, вели Гордана Сиљановска Давкова.

Честитки за денот на Христовото раѓање упати и премиерот Христијан Мицкоски.

„Христос се роди, навистина се роди, нешто што претставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред се здравје, затоа што здравјето е најважно а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во која што ќе имаме напредок, година на прогрес на секој план“, вели Христијан Мицкоски.

Во името на Собранието претседателот на законодавниот дом Африм Гаши порача празникот да донесе мир и хармонија.

„Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства. Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас“, вели Африм Гаши.

Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче посака мирни празнични денови.

„Со традиционалната честитка Мир Божји, Христос се роди го честитам најголемиот христијански празник, Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават. Посакувам мирни празнични денови, онака како што налага традицијата, во кругот на семејството, пријателите и блиските“, вели Венко Филипче. 

Честитки за големиот христијански празник Божиќ упатија и лидерите на политичките партии и здруженија.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски гледа решение за загадувањето во гасни централи, ама дур се изградат ќе се задушиме

Следно

Двајца мигранти се удавија во водите кај грчкиот остров Родос

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop