Честитка од премиерот Мицкоски: Божиќ нè потсетува на вистинските вредности

January 7, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски упати најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

„Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас.

Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок.

Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.

Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.

Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор. Христос се роди!“ – вели Мицкоски во честитката.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се приближуваме кон врвот – Скопје петти најзагаден град во светот!

Следно

Божиќна честитка од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

Latest from Blog

Најмалку 17 убиени и 15 застрелани во Јоханесбург- напаѓачите со калашникови упаднале во кафеана (ВИДЕО)

Службите за итни случаи прогласиле 13 мажи и 4 жени мртви на местото на настанот, а мотивот за пукањето се уште не е познат, се вели во соопштението на јужноафриканската полициска служба

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во
Go toTop