Германија го повтори повикот за прекин на огнот во Газа

January 3, 2025
1 min read

Германија денес го повтори повикот за прекин на огнот во Газа во светло на извештаите за продолжување на преговорите меѓу Израел и Хамас со посредници во катарската престолнина Доха, јавува Анадолу.

„Сега повторно има извештаи за нова динамика во преговорите за прекин на огнот, што ние многу го поздравуваме и се надеваме дека наскоро ќе има таков прекин на огнот“, рече заменик-портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кристијан Вагнер, на брифинг со новинарите во Берлин.

Тој повторно нагласи дека израелската војска не прави доволно за да ги заштити цивилите во Газа.

„Нашиот став е оној што го кажавме овде многупати, дека воениот пристап во Газа мора да се прилагоди и цивилното население мора да биде заштитено“, порача Вагнер.

Израел, наводно, требаше да испрати делегација во главниот град на Катар во текот на денот за да ги продолжи преговорите за договор за заложниците со палестинските фракции во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да испрати делегација во Доха на преговори за ослободување на израелските заложници во Газа, се наведува во соопштението објавено од неговиот Кабинет.

Делегацијата ја сочинуваат високи функционери од војската, разузнавачката агенција Мосад и агенцијата за внатрешна безбедност Шабак, се додава во соопштението, без да се открие идентитетот на членовите на делегацијата.

Палестинската група на отпорот Хамас во последниве месеци постојано изразува подготвеност да преговара за размена на затвореници и договор за прекин на огнот со Израел. Во мај Хамас се согласи на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден.

Нетанјаху подоцна го отфрли предлогот, додавајќи нови услови, меѓу кои и продолжување на воената кампања и одбивање силите да се повлечат од Газа.

Палестинската група инсистира на целосно запирање на борбите и целосно повлекување на израелските трупи.

Опозициските лидери во Израел и семејствата на заложниците го обвинуваат Нетанјаху дека го блокира договорот за да ја задржи својата политичка позиција, а министрите од крајната десница, особено министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии Безалел Смотрич, пак, се закануваат дека ќе ја соборат Владата доколку дојде до договор за прекин на огнот во Газа.

Израел продолжува со геноцидната војна врз Појасот Газа, во која се убиени над 45.650 Палестинци, главно деца и жени, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8

Следно

Извозот од одбранбената индустрија на Туркије изминатата 2024-та достигна рекордни 7,2 милијарди долари

Latest from Blog

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има
Go toTop