Бенфика под истрага за местење натпревари

January 9, 2023
1 min read

Португалскиот фудбалски гигант Бенфика е под истрага за наводно местење натпревари во периодот од 2016 до 2020 година, јавија локалните медиуми.

Португалската полиција почна истрага откако во јавноста излегоа информации по хакерски напади на бројни клупски фајлови.

Под истрага се сите луѓе кои во тој период биле дел од раководството, како и актуелниот претседател Руи Кошта.

Претседател на Бенфика во тоа време беше Луис Фелипе Виеира, додека Кошта беше втор човек во клупската хиерархија.

„По објавените вести на оваа тема, можеме да потврдиме дека од 3. јануари се води истрага против клубот, против сите членови на Управниот одбор од 2016 до 2020 година, како и сите кои се дел од актуелното раководство на клубот“, соопшти Бенфика на својот официјален сајт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Земјотрес во Албанија

Следно

Приведен крадец за издржување казна затвор од две и пол години

Latest from Blog

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти

Администрацијата на Трамп планира мисија во Мексико против нарко-картелите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна детално да планира нова мисија во која американски војници и разузнавачи би биле испратени во Мексико за борба против нарко-картелите, потврдија двајца американски функционери и
Go toTop