Министерство за животна средина: Оваа Влада никогаш досега е сериозно посветена на решавање на проблемот со аерозагадувањето

December 29, 2024
2 mins read

Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата .

Со голема посветеност и сериозност, уште пред стартувањето на грејната сезона кога редовно се забележуваат повисоки концентрации на загадувачки супстанции во воздухот, пристапено е кон темелно и прецизно проектирање, развивање и имплементација на решенија за надминување на овој проблем, за кој граѓаните изминативе години покажаа висока загриженост.

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, после 5 години вакум (првата и последна Програма и План се изработени за 2019 година) изработија плански документ „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“ во кој се наведени програмските цели и проектни пакети со кои се таргетира намалување на емисијата на цврсти честички во градовите во државата.

Програмата е темелна, прецизна  и соодветна на конкретните услови и можности. Таа содржи 8 сегменти и за секој од нив се предвидени и испланирани проекти и што е од особена важност зададен е рок во кој ќе се почне реализацијата, период во кој таа треба да биде завршена, како и одговорни институции кои ќе бидат задолжени да се стигне до очекуваните резултати. 

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање со оваа Планска програма обезбедија отворена соработка и институционалната координација на сите нивоа, централно и локално ниво, како клучен елемент за исполнување на програмските цели и проектните активности.

Значи, врз основа на стручна анализа на причинителите на аерозагадувањето и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини проектирани се степени на реализација, финансиска и временска рамка и надлежни институции. 

Во Програмскиот пакет се опфатени главните области што влијаат на квалитетот на воздухот: енергетика, индустријата, транспортот, земјоделство и шумарство итн.

Покрај конкретни активности што опфаќаат делување на широк спектар на детектирани извори на загадување на различни нивоа, предвидени се и потребните законски измени што ќе ја олеснат имплементацијата и контролата. Исто така, предвидена е и поддршка на локалните самоуправи во изработка на потребните локални планови за справување со аерозагадувањето.

Во буџетот за 2025 година предвидено е поставување на уште една мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот во Штип, со што Државниот мониторинг систем ќе брои 23 стационирани мониторинг станици и една мобилна.

Когенеративни гасни централи, квалитетно огревно дрво, греење без емисија – топлински пумпи, високоефикасни котли, контрола на емисија од домаќинствата, комунална редарска служба – комунална полиција, намалување на емисијата на честички од јавни објекти, државата не загадува – водиме со пример, планирање на идните емисии, институт за квалитет на амбиентален воздух, намалување на емисијата на честички од индустриските процеси, закон за индустриски емисии, инспекциски надзор во животна средина, палење на недозволени горливи материјали, стоп за палење на ниви и стрништа, регионални центри за управување со отпад, зеленило и шуми, стоп за шумски пожари, 40 милиони нови садници, емисии од транспорт, јавна флота без директни емисии – водиме со пример, такси без директни емисии, европски технички преглед за возилата,  управување со емисиите, контрола и управување со емисиите, зголемување на капацитетите за мерење, се  дел од предвидените проекти што јасно покажуваат дека како никогаш досега посветено и сериозно се работи на решавање на овој повеќедецениски проблем. 

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

На повидок нов закон за помилување?

Следно

МЖСПП: Како никогаш досега сме сериозно посветени на решавање на проблемот со аерозагадувањето

Latest from Blog

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе

Зоровски во Аргумент плус: Регионална депонија е решение за отпадот во Буково

Ѓоко Зоровски  од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Аргумент плус рече дека, во депонијата со години се шири чад и миризба која ги туре граѓаните. Според него, решението е регионална депонија. „Она

Проблем за Елмас: Лајпциг не дава попуст, а Торино не сака да ја плати клаузулата

Елиф Елмас игра во одлична форма по позајмицата од Лајпциг во Торино, но како што одминува времето така се намалуваат и шансите италијанскиот клуб да го откупи договорот на македонскиот „дијамант“ и

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,
Go toTop