Наместо објаснување, напади кон ТВ21! Тврдат дека нема да снимаат аудио, а преку тендер бараат такви камери

December 27, 2024
1 min read

Управата на гинеколошка болница Чаир објавила тендер за поставување безбедносни камери, каде во спецификациите јасно се гледа дека се бараат камери кои снимаат и аудио, не само видео, но управата на болницата демантира дека ќе има аудио снимање.
Откако не најде време да зборува пред камера, иако ја чекавме неколку дена, преку нејзината секретарка ни испрати писмен одговор каде што пишува дека камерите во „болницата Мајка Тереза“ не снимаат аудио, директорката на оваа болница Пранвера Изаири преку деманти се обидува да се закани дека не е пријавено уредно, иако не споменува дека според тендерската спецификација, камерите треба да бидат и со опција за аудио снимање.

Еве што пишуваше во одговорот на болницата на 25 декември.

-Специјализираната болница за гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир во изминатиот период изврши редовно одржување на системот на постоечки и нови камери во болничките простории, како што е предвидено со прописите за заштита на безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал, без да се наруши нивната приватност. Ова е обврска на болницата. Значи во однос на вашето прашање, нема поставени камери во породилните сали и камерите во болницата „Мајка Тереза“ не снимаат звук, велат од Специјализираната болница за гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир.

Овој одговор беше парафразиран во прилогот емитуван на истиот датум. Во денешниот демант, 27 декември, болницата повторува дека камерите нема да се користат за аудио снимање, но повторно нема објаснување зошто тогаш во тендерот пишува дека камерите мора да имаат и вградени микрофони.

-Она што сега го прави болницата „Мајка Тереза“ е во комуникација со Агенцијата за заштита на личните податоци, со елаборат го регулира користењето на истите, за што испративме барање. Тоа беше обврска уште од почетокот кога беа поставени камерите пред неколку години, но истото не е направено и за ова ве упатувам да се обратите до претходното раководство. Исто така, во меѓувреме, паралелно го зголемуваме бројот на камери на дозволените простори, со цел да се зголеми нивото на безбедност на пациентите и болничкиот персонал, а тие нема да се користат за аудио снимање, велат од Специјализираната болница за гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир.

Ги прашавме правниците дали со безбедносните камери е дозволено да снима звук. Тие цитираат релевантни закони кои укажуваат дека снимањето на звук е забрането на јавни места, а за снимањето со видео со камери е наведено во кои простории е дозволено да се поставуваат заради безбедност.

Освен сето ова, ТВ21 од свои извори дознава дека еден ден по емитувањето на сторијата, директорката Пранвера Изаири му замерила на персоналот за тоа како на новинарската екипа и било дозволено да влезе во болничките простории. Потсетуваме дека болницата е јавна, додека екипата на ТВ21 со снимањето во ниту еден момент не ја нарушила приватноста на пациентите, туку снимала само во административните простори каде што било предвидено поставување на нови камери.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дурмиши преку соопштение објаснува за Законот за трговски друштва, донесен на собраниска седница 

Следно

Израелската полиција започна истрага против сопругата на Нетанјаху

Latest from Blog

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната
Go toTop