Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото

December 26, 2024
1 min read

Ние треба да ги тераме европските реформи, Европа е наша татковина, таму ни е местото. Европјанин се станува со владеење на правото, со либерална економија, со борба против корупција и криминал, е сега почнуваат да излегуваат на виделина неверојатни нешта, за оние пред нас, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Според неа, формализирањето на европеизацијата ништо не носи и ако беа уставните промени гарант за европеизација, ние сега ќе претседававме со ЕУ. Таа смета дека во реалноста ниту Албанија, ниту Црна Гора се понапред од нас, а тоа, вели, го покажал и скрининг процесот. 

-Триесет и шест амандмани за 30 години, крајно време е да ги мериме потезите. Јас не мислам дека доколку ние посегнеме по реформи, доколку ние си ги остваруваме Копенхагенските критериуми дека многу ќе изгубиме, ниту пак мислам дека ако речеме ајде и сега и уставни измени, па тоа е малку и спорно, бидејќи навредливо за пратениците да го менуваат Уставот по којзнае кој пат. Па тие ги претставуваат граѓаните. Ако 80 проценти од граѓаните имаат проблем со ваквиот начин на отварање на преговорите, јас морам да внимавам на легитимитетот, мене не ми извира легитимитетот од меѓународната заедница, туку од граѓаните. Јас не знам колку пати во Парламентот, а и било каде сме укажувале дека процедурата е гаранција за демократија. Не може некој да ја киднапира државата, да си ја присвои државата, тоа се случуваше, нагласи Сиљановска Давкова.

Претседателката истакна дека односот на ЕУ кон нас ќе се смени ако ние навистина опстоиме на реформите.

-Европската Унија покажала кретативност кога требало, може да посегне и сега по некое креативно решение, а мислам дека тоа ќе биде гаранција дека ќе биде загрозен процесот на проширување. И нема да остане овој преседан инспиративен за другите. Бидејќи веќе слушаме и од нашите соседи и од други, дека оваа приказна не е завршена, вели таа.

Сиљановска во однос на Реформската агенда за Планот за раст, вели дека имаме подобра легислатива од сите други во поглед на хармонизацијата на закободавството, а имаме и една од најдобрите оценки за Планот за раст.

-Мора да манифестирате политичка волја штом сте ја направиле агендата, интересно е што во случајот се работи за заедничко чекорење. Бидејќи и парите се врзуваат за успесите, тоа ве стимулира и на некој начин точно се предвидени активностите во институциите. Досега не сме имале таква прецизирана агенда, рече претседателката.

Во однос на уставните измени, Сиљановска Давкова повтори дека за тоа е неопходно двотретинско мнозинство.

-Претходната власт не убедуваше дека го има потребното мнозинство дури и дека прогресивни пратеници од опозицијата ќе застанеле зад нивните мудри одлуки. Тие тогаш ги прифатија, без да имаат согласност од опозицијата, затоа не може тоа така, да не зборувам за граѓаните… Претседателот на Собранието тоаш наспроти непочитување на процедурата за уставни измени, си тераше по свое, рече Сиљановска Давкова.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Се планира ли национализација на вториот пензиски столб по изјавата на Димитриеска-Кочоска дека тој е непотребен?

Следно

Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, европјанин се станува со почитување на правото

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и

Ќе се отвори „златно доба“ на нуклеарна енергија: САД и Велика Британија со заеднички проекти

САД и Обединетото Кралство во неделата објавија широка серија договори за нуклеарна енергија во кои повеќе водечки американски нуклеарни компании ќе градат проекти во странство. Договорите вклучуваат план за изградба на 12 реактори во Хартлпул со „Центрика“, создавање 2.500

Драма на небото над Хрватска: Авион итно слетал во Загреб откако се појавил чад во кабината

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако

Филе со зеленчук и ориз

Состојки: (за 4 лица) 600-700 грама свинско филе (секое месо ќе биде соодветно) 3 големи главици кромид 2 црвени пиперки 1 голем домат 1 голема тиквичка 1 лажица благ ајвар 1/3 лажичка

Едно лице фатено на дело при изнуда, прва успешна акција на Истражниот центар на ОЈО Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Go toTop