Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

December 26, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело –  Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.

Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Концесиите за природни ресурси двојно поскапуваат од 1 јануари

Следно

Се проверуваат 6 јавни набавки во „Државна лотарија“, ОЈО бара одземање на пасошот на Ајрули

Latest from Blog

Брајтон со “петарда“ кај Ковентри! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/officialbhafc Брајтон го победи Ковентри со 5:0 на гостински терен во четвртото коло од Премиер лигата. Стрелци за Брајтон беа Костулас, Јалкуе, Грос од пенал и Данк кој ќе биде кандидат за

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го
Go toTop