ВМРО-ДПМНЕ: И ДУИ се откажа од Груби, само Венко Филипче и СДС не, затоа што се соизвршители во криминалот и корупцијата

December 26, 2024
1 min read

Во СДС владее истата криминална матрица, без никаков морал и етичко однесување. СДС на чело со неврохирургот на Заеви, Венко Филипче и неговите партиски соработници се оставштина од периодот на владеење на криминална коалиција СДС-ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И од нив не може да се очекува конструктивност, нови идеи, нов и чесен начин на делување. Целото раководство на СДС, заедно со Филипче кој бил од иста влада со Артан Груби, кој поради криминал се најде на црната листа на САД и стана бегалец од македонската правда.

Артан Груби беше тој кој СДС ги држеше во раце да не им падне владата, па да не можат да продолжат заедно да крадат. За да не им падне криминалната влада, која до последен ден висеше на стаклени нозе, и да можат да владеат и да седат во удобните фотелји, СДС го гледаа и го премолчуваа криминалот на Груби.

Со тоа СДС станаа соучесници во криминалот, осиромашувањето на народот и крадењето на државата. Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДС – ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните.

Од ваквото однесување на Артан Груби и од неговиот криминал се дистанцираше дури и неговата партија. И ДУИ вели дека таквото однесување на Груби било погрешно. Дури и ДУИ, симболично кажано, уште пред петел да пропее, се откажа од Артан Груби.

Од петни жили, ДУИ се обидуваат да најдат начин како народот побрзо да заборави на арогантното однесување на Груби во владата, на неговиот криминал и корупција, но и дека некогаш бил нивен член.

И неговиот партиски и владин другар, Бујар Османи знаел за арогантното и криминално однесување на Артан Груби, за кој вели дека му сметало и дека не го одобрува.

Само Венко Филипче и СДС остануваат верни на Артан Груби. Само тие ниту виделе, ниту знаење, ниту му сметало арогантното и криминално однесување на Груби“ потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е така затоа што откако му оставија одврзани раце да прави што сака, станаа соучесници во неговиот криминал и корупција. И затоа, бегството им одговара само на СДС, затоа што знаат дека Груби води до нив и така би излегле на површина криминалите кои заеднички ги правеле, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, на Венко Филипче и СДС треба да им е јасно дека одговорност ќе има, колку и тие да се препелкаат и да измислуваат изговори. Македонија се трансформира и правна држава и одговорност, за сите кои што се огрешиле пред законот, ќе има, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу снег на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Тетово

Следно

Кина во Тибет ќе ја гради најголемата брана во светот

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на
Go toTop