Кајри Ирвинг го врати Далас од -28, но Минесота сепак победи

December 26, 2024
1 min read

Кошаркарите на Минесота го совладаа Далас со 105:99 во еден од петте НБА натпревари закажани како дел од божиќниот специјал во најсилната лига во светот.

Најголема грижа на Далас пред овој меч беше состојбата на Лука Дончиќ, но Словенецот се опорави од повредата на петата (контузија) и го започна мечот, но заработи нова повреда (левата потколеница) и ја напушти играта на две ипол минути до крајот на втората четвртина. До тој момент Дончиќ постигна 14 поени.

Далас во тој момент веќе имаше двоцифрен минус, Минесота ја презема контролата, на полувреме имаа предност од 17 поени. Во третиот период на Рендл, Едвардс и Гоберт им се приклучи и Дивиченцо, Минесота дојде до највисоката предност од 28 поени, а третиот период го заврши со водство 90:68.

Но, со неверојатна поддршка од публиката, кошаркарите на Далас предводени од Кајри Ирвинг, не само што се вратија во натпреварот, туку на 48 секунди до крајот имаа само минус од два поени (101:99), и напад, но Ирвинг промаши тројка.Потоа на сцена стапи Едвардс, погоди два пати во низа и го постави конечниот резултат.

Ентони Едвардс ја предводеше Минесота до победата со 26 поени, осум скока, пет асистенции, две украдени топки и една блокада. Џулиус Рендл постигна 23 поени, 10 скока и 8 асистенции, додека Руди Гоберт забележа 14 поени, 10 скока и две блокади.

Кај Далас Кајри Ирвинг постигна 39 поени, Лука Дончиќ со 14, Клеј Томпсон 12 и Квентин Грајмс 10 поени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска Кочоска за „недела неработен ден“: Ако некоја компанија сака да работи, може да работи!

Следно

Макс Верстапен наскоро ќе го напушти Ред Бул?!

Latest from Blog

Ливерпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/ Коди Гакпо е под знак прашалник за настап на денешниот натпревар на Ливерпул против Фулам во Премиер лигата. Холанѓанецот го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид поради проблем со препоните, а тренерот

Трамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозе

Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и
Go toTop