Едно семејство заглавено на патот Вејце-Тетово – Касами на терен: Не излегувајте непотребно и без зимска опрема!

December 25, 2024
1 min read

Обилните снежни врнежи блокираа дел од тетовските планински села. Дури и едно семејство од селото Вејце тргнало кон градот да го однесат детето на лекар, но се заглавиле на сред пат. Преку видео повик член на семејството ни раскажа за ситуацијата таму.

Во село сум, тргнавме надолу, гледајте останавме овде со деца, не можеме да се симнеме до град. Види го патот, блокирани сме овде, не се движи колата, катастрофа. Обилни снежни врнежи, не можеме да се симнеме. Види, колата е заглавена, патот е неподвижен, со деца сме во кола.

По известувањата на ТВ21 за овој случај, на терен заедно со нашата телевизиска екипа излезе и градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами. Касами се сретна со жителите на Вејце, притоа извести дека патот постојано се чисти, но врнежите се интензивни.

Се работи за пат во зимски услови и можеме да видиме дека врне снег и врнежите се интензивни и врз основа на комуникацијата што ја имавме со компанијата и операторот што ги чисти патиштата во зима се чистени и имаше снег поради интензивниот снег. Компанијата  доби налог за чистење на патиштата, а сега кога сме во Вејце, механизацијата започна во овој дел и на другиот пат кон Попова Шапка и селото Бродец, Вешале и Бозовце.

Касами вели дека жителите ќе мора да имаат предвид дека во овие услови мора да имаат соодветна опрема поради континуираните врнежи

„Апелираме до  жителите да се движат само  доколку тоа е неопходно и да имаат зимска опрема бидејќи навистина во овие услови на снежни врнежи и доколку патиштата се чистат на секои два часа, тешко е патиштата да бидат проодни доколку возилата ја немаат потребната зимска опрема, гуми или синџири. Уште еднаш ги замолуваме жителите да бидат внимателни во овој период и ние и компанијата ќе бидеме на терен за чистење на снегот“.

Додека градоначалникот на општина Тетово се сретна и со жителите на Вејце, механизацијата за чистење на патот пристигна во селото. Континуираните врнежи од снег ја отежнаа проодноста на патиштата во тетовските планински села.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Музичкиот Ансамбл од Тетово поканува на „Новогодишен концерт”

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Историски највисока финансиска поддршка за земјоделците, стипендии за учениците и студентите и паралелна посветеност за општините и културата

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop