Сирија: Младите од Деир ез-Зор со графити ги бришат трагите на режимот на Баас во градот

December 25, 2024
1 min read

ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) – ОМЕР Копаран/Етхем ЕМРЕ ОЗЏАН

Младината во источната сириска провинција Деир ез-Зор со графити ги брише трагите на урнатиот режим на Баас од улиците на центарот на градот, јавува Анадолу.

По падот на режимот на Баас младите луѓе од градот Деир ез-Зор ја отсликуваат својата радост преку графити.

Младината што се собра во центарот на градот, главно студенти, на ѕидовите изработува цртежи во необични бои што ги симболизираат слободата и мирот.

– Ги прикажа симболите на револуцијата и оние што загинаа во нападот на режимот –

Покрај падот на режимот и новите сириски знамиња, младите ги цртаат и портретите на сирискиот активист Мазен Хамада, кој го загуби животот под тортурата на режимските сили, како и на поранешниот сириски репрезентативец Абдулбасет ал-Сарут, кој го загуби животот во еден од нападите на режимот.

Момчето Мухамед Ел-Јунус, еден од младите што работеше на цртежите, за дописникот на АА изјави дека работата ја започнале деветмина, а во моментов работат 32 лица.

„Откако со пријателите разговаравме за темата на нашите цртежи, решивме да избереме револуционерни симболи за нашата работа. Овие симболи претставуваат мир и слобода. Како ликови во нашите дела избравме и двајца од нашите загинати херои. Едниот е Хамада, а другиот е Абдулбасет ал-Сарут. За цртежите избравме необични бои“, рече Јунус.

Јунус посочи дека за работата што ја прават добиле поддршка и од јавноста.

Весен Џасим изјави дека во изработката на цртежите, која ја започнале доброволно со пријателите, тематски се водат од слободата, новото знаме и мирот.

„Нашите загинати херои, Господ нека им се смилува, за нас се симболи на слободата. Сакавме да го зачуваме споменот на нив“, рече Џасим.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрани за камиони на патните правци Тетово – Попова Шапка, Стража, Маврово и од село Узем до граничен премин Деве Баир

Следно

Слот кон навивачите на Ливерпул: Се надевам дека уживавте во фудбалот што тимот го игра

Latest from Blog

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop