Најмалку 24 Палестинци се убиени во синоќешните израелски воздушни напади врз домови и шатори

December 25, 2024
1 min read

ГАЗА, Палестина (АА) – Најмалку 24 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз домови и шатори во камповите за раселените во Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.

„Десет лица ги загубија своите животи кога израелски борбен авион погоди куќа во областа Маен во јужниот град Кан Јунис“, изјави еден извор.

„Уште две лица се убиени во друг напад чија цел беше стан во населбата Ал-Манара во јужниот дел на Кан Јунис“, додаде тој.

„Тимовите на цивилната одбрана ги извлекоа телата на двајца Палестинци по израелскиот напад врз шаторот за раселените цивили во западниот дел на Кан Јунис“, соопштија медицинските лица.

„Еден човек и неговата сопруга исто така се убиени, а неколку луѓе беа повредени кога израелските сили бомбардираа куќа во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа“, изјави друг медицински извор.

„Израелските воени авиони, исто така, погодија куќа во областа Џабалија Назла во северниот дел на Газа, при што се убиени шест лица“, додаде тој.

Една бремена жена е убиена во воздушен напад врз стан во градот Газа, додека еден млад човек го загуби животот, а три лица се повредени во друг напад во централниот град Деир ал Балах, според истиот извор.

Во меѓувреме, израелската Армија продолжува да крева во воздух куќи и станбени згради во северниот дел на Појасот Газа во време на нејзините тековни воени операции во областа, според очевидци.

Израелските сили, исто така, по вторпат детонираа експлозив во близина на болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа, се вели во соопштението на болницата.

Израел започна голема копнена операција во северниот дел на Газа на 5 октомври за наводно да ја спречи палестинската група Хамас да се прегрупира. Палестинците, сепак, го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и насилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш, не е дозволена доволно хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво во областа, оставајќи го преостанатото население на работ на неизбежен глад.

Од почетокот на нападите на израелската Армија врз Појасот Газа се убиени над 45.300 луѓе, главно жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатиот месец издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се јави Љубчо: Предлага Македонија да се вклучи во европската лотарија „Еуро милионс“?!?!

Следно

Ердоган: Наша единствена цел е да обезбедиме мир, спокојство и стабилност во целиот регион

Latest from Blog

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат

Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански,

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам

Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање,
Go toTop