Започна реконструкцијата на коловозот до манастирот Пеленица- следат низа вакви проекти низ општините

December 25, 2024
1 min read

Ова е еден од оние проекти што се дел од оној проект кој што Владата го финансира, односно средствата коишто се реалоцирани од централниот буџет кон општините, тука во Кисела Вода ќе имаме уште неколку такви, се подговуваат и други проекти за периодот којшто следи, односно за следниот повик, најави премиерот Христијан Мицкоски кој денес присуствуваше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода.

-Јас сум сигурен дека со овие проекти како овој ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место, од општината Кисела Вода и од соседната општина, Студеничани.

Ние продолжуваме да ги реализираме ветените проекти, ветените работи. Јас му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето коишто помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи знаете треба да се подготви техничка документација, одобрение соодветно итн итн.

Продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата и во периодот којшто следи, додаде Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Авионска несреќа во Казахстан: Меѓу 28 преживеани и три деца

Следно

Дурмиши контра Мицкоски: „Ќе ги ограничиме профитните маржи и цените“

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop